Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Прехрана по холецистектомија: Храна која треба да се избегнува и храна за опоравување

Холецистектомија, хируршко отстранување на жолчниот меур, често се изведува како метод за лекување на жолчни камења или други болести на жолчниот меур. По операцијата, телото треба да се прилагоди на функционирањето без жолчниот меур, што бара прилагодување на прехраната, која е клучна за побрзо закрепнување и намалување на можни дигестивни тегоби, како што се надуеност, дијареа и чувство на тежина.

Храна која треба да се избегнува

За да се олесни работата на дигестивниот систем, се препорачува да се избегнува масна храна, интензивни зачини, газирани пијалоци и напитоци со кофеин, млечни производи со висок процент на масти, како и храна и пијалоци со висок процент на шеќер.

1.   Масна и пржена храна

Избегнувајте храна како што се пржени јадења, месо со видливи масти, путер и павлака. Овие намирници можат да бидат тешко сварливи и да предизвикаат нелагодност. Имено, здравиот жолчен меур собира и концентрира жолчка, која при конзумирање на оброците се ослободува за варење на мастите. Кога жолчниот меур е отстранет, жолчката е помалку концентрирана и континуирано се ослободува во цревата. Затоа, важно е оброците да не бидат масни, бидејќи во спротивно може да останат несварени, што предизвикува гасови, надуеност и дијареа.

2.   Храна со висок процент на шеќер

Слатки, колачи и напитоци кои содржат многу шеќер можат да го оптоварат дигестивниот систем.

3.   Млечни производи со висок процент на маснотија

 Полномасно млеко, сладолед, сирења, павлака и масни сосови можат да предизвикаат дигестивни проблеми, особено кај лица кои се оперирани неодамна.

4.   Газирани и кофеински пијалаци

 Газирани напитоци, кафе и силни чаеви можат да го иритираат дигестивниот тракт и да предизвикаат надуеност или дијареа.

5.   Зачинета и интензивно зачинета храна

Лута пиперка, кари и слични интензивни зачини можат да предизвикаат иритација и нелагодност во дигестивниот тракт.

Храна за опоравување

По холецистектомија, важно е да се избираат лесно сварливи намирници кои обезбедуваат потребни хранливи материи и помагаат на телото да се прилагоди на новите услови. Јадењата треба да се подготвуваат со варење или динстање без додавање на масти (или со многу мала количина маслиново масло).

1.   Немлечна течна исхрана (во првите денови)

 Бистри супи, билни чаеви и вода со лимон можат да помогнат во хидратацијата и смирувањето на дигестивниот систем.

2.   Следува лесно сварлива храна

 Предност се дава на тестенини, ориз, варен компир и растителни протеини, а потоа и на меко варен зеленчук (морков, тиквици, цвекло) и варено овошје (компот или пире, без додаден шеќер).

3.   Немасни извори на протеини

Пилешко и мисиркино месо без кожа и бела риба се добар избор бидејќи се лесни за варење, а обезбедуваат важни хранливи материи, како и немасни млечни производи (на пример свежо кравјо сирење).

4.   Намирници богати со влакна

 Полнозрнести житарки, како што се кафеав ориз и овес, како и овошје и зеленчук богати со влакна, како брокула, спанаќ и карфиол, треба да се воведуваат постепено во текот на неколку недели.

5.   Здрави масти во умерени количини

Маслиновото масло и авокадото се примери на здрави масти кои се полесно сварливи во мали количини.

Совети за прехрана

  • Јадете помали, но почести оброци. Пет до шест помали оброци дневно ќе го намалат оптоварувањето на дигестивниот систем.
  • Полека воведувајте нови намирници. Телото има потреба од време за да се навикне на промените во исхраната. Следете како реагирате на различни намирници.
  • Пијте доволно течности. Хидратацијата е важна за здравјето на дигестивниот систем, но избегнувајте консумирање на големи количини течности за време на оброците.

Средна оцена:

3 (93 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!