Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Рак на белите дробови: симптоми и важноста на раното откривање

Ракот на белите дробови е една од водечките причини за смрт од малигни заболувања во светот. Тој се развива кога клетките во белите дробови започнуваат неконтролирано да растат, создавајќи тумор кој може да се шири во околните ткива и органи. Иако ракот на белите дробови често се поврзува со пушење, важно е да се знае дека може да се јави и кај лица кои никогаш не пушеле.

Навременото откривање е клучно, бидејќи во раните фази ракот може да биде целосно излеклив или полесно контролирачки. Сепак, раните симптоми често се неспецифични, па многу пациенти доаѓаат во подоцнежни фази. Затоа е важно да се познаваат ризик-факторите, знаците и можностите за скрининг.

Симптоми на рак на белите дробови

Раните симптоми може да бидат лесно занемарени или погрешно протолкувани како инфекции или хронични белодробни заболувања. Најчести симптоми се:

  • Упорна кашлица која трае повеќе од 2–3 недели или се менува во карактер.
  • Крвавење при кашлање или појава на траги од крв во спутумот.
  • Отежнато дишење или чувство на недостаток на воздух.
  • Болка во градите која се влошува при длабоко дишење, кашлање или смеење.
  • Хронични инфекции, како повторувани пневмонии или бронхити.
  • Губење на апетит и телесна тежина без јасна причина.
  • Постојан замор и слабост.
  • Зарипнатост или промена во гласот.

Во напредните фази може да се појават:

  • оток на лицето и вратот,
  • болки во коските,
  • главоболки или невролошки симптоми при метастази.

Важно: Овие симптоми не значат секогаш рак, но секогаш бараат сериозна медицинска проценка.

Ризик-фактори

Неколку фактори значително го зголемуваат ризикот за развој на рак на белите дробови:

  • Пушење (најсилен ризик-фактор)

Повеќе од 80–85% од сите случаи се поврзани со активното пушење. Колку подолго и колку повеќе цигари се консумираат, толку е поголем ризикот.

  • Пасивно пушење

Изложеноста на чад од други пушачи значително го зголемува ризикот, особено во затворени простории.

  • Изложеност на канцерогени супстанции

Како што се азбест, радон, арсен, димови и хемикалии од индустрија, итн.

  • Загаден градски воздух

Податоците покажуваат дека стапките на карцином на бели дробови се повисоки во градовите, главно поради повисокиот степен на загадување на градскиот воздух, отколку во руралните средини

  • Загаден воздух во затворен простор

На зголемен ризик се изложени лица кои престојуваат во лошо вентилирани простории каде редовно се гори јаглен, дрво или други цврсти горива

  • Воспалителни белодробни заболувања

Како хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и пневмокониоза.

  • Генетски фактори

Позитивна семејна историја може да го зголеми ризикот.

  • Возраст

Повеќето случаи се јавуваат по 55-тата година.

Важноста на раното откривање

Ракот на белите дробови често е асимптоматски во почетните фази. Затоа се препорачува скрининг со Low-Dose КТ (низкодозна компјутерска томографија) кај лица со висок ризик:

  • возраст 50–80 години,
  • активни пушачи или поранешни пушачи со ≥ 20 „пакет-години“,
  • лица кои сè уште пушат или прекинале во последните 15 години.

Овој скрининг може да го намали ризикот од смрт од рак на белите дробови за 20–30%, бидејќи ги открива туморите додека се мали и .

Како се поставува дијагнозата?

По сомнеж за рак на белите дробови, следат неколку испитувања:

  • Рендген на бели дробови – почетен тест.
  • КТ или PET-CT(позитронска емисиона томографија) – дава детална слика и процена канцерот и негова проширеност (метастази)
  • Биопсија – земање примерок од ткиво преку бронхоскопија, иглена биопсија или хируршки метод.
  • Молекуларно тестирање – важно за избор на таргетирана терапија (EGFR, ALK, ROS1 мутации).
Третман на рак на белите дробови

Третманот зависи од типот на ракот (неситноклеточен или ситноклеточен), стадиумот и општата состојба на пациентот.

1. Хирургија

Најефективна за рани стадиуми на неситноклеточен рак. Можни процедури:

  • Клинеста ресекција (отстранување на мало парче белодробно ткиво),
  • Лобектомија (отстранување на еден од белодробните лобуси),
  • Пневмонектомија (отстранување на целото белодробно крило)
2. Радиотерапија

Користена кај пациенти кои не можат да се оперираат или како комбиниран третман.

3. Хемотерапија

Се користи пред операција (неоадјувантно), по операција (адјувантно) или кај напреднат карцином.

4. Таргетирана терапија

Лекови насочени кон специфични мутации кои се присутни кај дел од туморите. Овозможуваат ефикасен третман со помалку несакани ефекти.

5. Имунотерапија

Ги активира Т-клетките да го нападнат туморот. Во последните години значително ја подобри преживливоста кај напреднатите фази.

6. Палијативна грижа

Фокусирана на ублажување на симптомите и подобрување на квалитетот на животот, без разлика на стадиумот.

Како да го намалите ризикот?
  • Престанете со пушење — најважната мерка.
  • Избегнувајте пасивно пушење.
  • Проверете го домот за постоење на радиоактивни супстанци
  • Носете заштита при работа со хемиски супстанции.
  • Одржувајте здрава исхрана и физичка активност

Обратете се кон вашиот лекар доколку чуствувате некои од претходно наведените симптоми или спаѓате во некоја од ризичните категории.

  1.  Mayo Clinic. 2024. Lung Cancer: Symptoms and Causes. Rochester, MN: Mayo Foundation for Medical Education and Research. Retrieved December 2025 (https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/lung-cancer ).
  2. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 2024. Lung Cancer Risk Factors and Screening. Atlanta, GA: U.S. Department of Health and Human Services. Retrieved December 2025 (https://www.cdc.gov/cancer/lung/).
  3. World Health Organization (WHO). 2023. Cancer: Lung Cancer Factsheet. Geneva: World Health Organization. Retrieved December 2025 (https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/cancer

Средна оцена:

3,1 (55 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!