Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Исхрана која помага при варењето: Диета при IBS и GERB

Синдромот на иритабилно црево (IBS) и гастроезофагеална рефлуксна болест (GERB) се чести нарушувања на дигестивниот систем кои негативно влијаат на квалитетот на животот.
IBS е сет на симптоми, кои вклучуваат болки во стомакот, грчеви, надуеност, како и чести дијареи, запек или двете. И додека многу фактори влијаат на појавата на IBS, поголемиот дел од пациентите ги поврзуваат гастроинтестиналните симптоми со консумирање храна.

Рефлукс на киселина и печење во стомакот се дигестивни проблеми кои речиси сите ги почувствувале барем еднаш по обилен или мастен оброк. Сепак, кога повремени епизоди на враќање на желудочната киселина во езофагусот станат хронични, тогаш се говори за GERB.
Во двата случаи, здравствената состојба може значително да се подобри со соодветен начин на исхрана. Дали некоја храна ќе биде “поттикнувач” на симптомите варира од лице до лице, така што е добро да се води дневник на исхраната во кој ќе се следи внесот на храна и појавата на проблеми.

Основни карактеристики на исхраната

Се препорачува лесно сварлива храна, подготвена со варење, готвење во свој сок или печење со минимална количина на масло.

1. Извори на протеини

- риба и немастно месо (предност имаат пилешко и мисиркино), јајца, младо посно сирење и ферментирани млечни производи (пациентите со IBS често се чувствителни на млечен шеќер - лактоза, па во тој случај може да се препорачаат ферментирани млечни производи без лактоза).

2. Овошје и зеленчук

- овошје како банани, боровинки, малини, диња, портокали и јагоди, и зеленчук како блитва, спанаќ, моркови, компири, слатки компири (батати), зелена салата, тиквици, тикви и маслинки содржат важни витамини и минерали, додека нивниот состав на јаглени хидрати и растителни влакна помалку го оптоваруваат дигестивниот систем.

- воведувајте влакна постепено, бидејќи нагло зголемување на нивната количина може да предизвика гасови и нелагодност.

3. Житарки

- можете да консумирате леб (избегнувајте свежо печен), двопек, тестенини, ориз, палента, овес, пченка и пченица, но некои пациенти со IBS понекогаш се чувствуваат подобро ако ја исклучат, за одреден период, храната која содржи глутен (пченица, јачмен, ‘рж).

4. Масти

- за подготовка на храната дајте предност на маслиново масло и другите растителни масла.

5. Хидратација

- пијте доволно вода за да може дигестивниот систем да функционира нормално.

- при пасивен начин на живот, и во нормални температурни услови, тоа е околу 2 литри вода дневно.

Што да се избегнува во исхраната при IBS и GERB проблеми

  1. Обилни оброци - помалите оброци се побрзо сварливи и не го стимулираат желудникот да произведува толку многу киселина.
  2. Мастни оброци - пржена и похована храна, мастни супи, мастни јадења, мастни слатки се тешко сварливи, го оптоваруваат дигестивниот систем и можат да го поттикнат рефлуксот на киселина.
  3. Храна која предизвикува надуеност - намирниците како грав, прокељ, зелка се познати по тоа што предизвикуваат гасови, а исто така и газираните пијалаци, па дури и гума за џвакање може да предизвика создавање гасови и да ги оптовари цревата.
  4. Остри и надразнувачки зачини - интензивно зачинета храна може да предизвика болки во стомакот и чувство на печење, а капсаицин (соединение кое дава лут вкус на храната) може да иритира делови од езофагусот и да доведе до рефлукс на киселина.
  5. Храна која поттикнува рефлукс на киселина - алкохол, чоколадo, кафе (обично, но и тоа без кофеин), ментол, бонбони со пеперминт, лук, кромид, газирани пијалаци, млеко, пиво, мастни оброци и пржена храна можат да го поттикнат рефлуксот на киселина од желудникот во езофагусот.

Совети кои можат да помогнат при IBS и GERB

- Остварете и одржувајте здрава телесна тежина - дебелината е еден од главните фактори за ризик за печење во стомакот; вишокот на масно ткиво го зголемува притисокот на абдоменот и предизвикува поврат на киселина во езофагусот.

- Немојте да јадете непосредно пред да одите на спиење - јадете порано, потребни се неколку часа храната да го напушти желудникот.

- Престанете да пушите и да консумирате алкохол - овие лоши навики негативно влијаат на дигестивниот систем и го забавуваат варењето.

- За лица кои имаат склоност кон одредени алергии или нетолеранции на храна, како глутен или лактоза: ако ја исклучите млечната храна и/или преминете на безглутенска диета или диета со низок FODMAP, консултирајте се со нутриционист за да ви одговара нутриционистички вашата исхрана.

- Водете дневник на исхраната - бележете ги внесените намирници и симптомите, тоа може да помогне во идентификување на предизвикувачите.

Ако вашите гастроинтестинални симптоми траат подолго време или се влошуваат, побарајте помош од лекар.

Средна оцена:

3 (84 гласа)

Оцени: